Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-Р ПАНОВСКИ: ЗА ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА СМРТНИТЕ СЛУЧАИ - мора да се вакцинираат уште најмалку 200 илјади граѓани над 50 години

Д-Р ПАНОВСКИ: ЗА ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА СМРТНИТЕ СЛУЧАИ - мора да се вакцинираат уште најмалку 200 илјади граѓани над 50 години

Експертите се залагаат за итна вакцинација во земјава на оние кои не го прележале коронавирусот.

Ова го кажа д-р Никола Пановски во разговор за Телевизијата Канал 5.

„Не е фер да се каже дека само вакцинираните се заштитетни, бидејќи прележаните се многу повеќе заштитетни од вакцинираните. Тука може да се каже, тие се 900.000 илјади, ако се 400.000 граѓани малолетни, ќе останат уште 500,000, до 1,8 милиони граѓани, на кои треба да се удри акцентот, и да се провери која е таа нивна психологија што не се вакцинирани и колку од тие 500.000 граѓани се над 50 години, бидејќи тие се многу позначајна категорија да се вакцинираат. Значи, треба некаде уште 200.000 луѓе да се вакцинираат, за да се намали бројот на смртните случаи“, рече д-р Пановски. 

Тој вели дека никаде во свет не може да се постигне 100 отсто вакцинираност на населението доколку вакцинацијата не е задолжителна. 

Слично

Поврзани вести