Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-Р ОГНЕН ИВАНОВСКИ ОСВОИ ПРЕСТИЖНА НАГРАДА ЗА ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО ОБЛАСТА НА РЕКОНСТРУКТИВНАТА УРОЛОГИЈА ВО ИТАЛИЈА

Д-Р ОГНЕН ИВАНОВСКИ ОСВОИ ПРЕСТИЖНА НАГРАДА ЗА ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО ОБЛАСТА НА РЕКОНСТРУКТИВНАТА УРОЛОГИЈА ВО ИТАЛИЈА

На годишниот заеднички конгрес на Европската асоцијација на генито- уринарни реконструктивни хирурзи (ESGURS) и Европската асоцијација за андролошка урологија (ESAU), кој се одржа во Торино, Италија, највисокото признание за најдобра видео презентација му беше доделено на д-р Огнен Ивановски од Универзитетската клиника за урологија во Скопје. 


Во фокусот на наградената презентација е ретка и комплексна хируршка процедура на генитална реимплантација и реконструкција, самостојно изведена од д-р Ивановски и документирана преку видео-снимка, направена во една од операционите сали на Клиниката. Ова е наедно прв видео запис во светот кој ја документира и детално ја објаснува оваа хируршката техника.

Пациентот е следен цели три години после операцијата, со одлични резултати и без значајни компликации. Помеѓу бројните пријави од водечки европски и светски експерти, трудот на д-р Ивановски беше избран и препознаен како најзначаен придонес во областа  на реконструктивната урологија за 2025.


“Оваа награда за мене е поттик да продолжам со уште поголема посветеност во интерес на пациентитеи развојот на науката.“, истакна д-р Ивановски по доделувањето на наградата. 

Со ова признание, Универзитетската клиника за урологија во Скопје и нашата земја уште еднаш докажаа дека можат да бидат рамноправен партнер со најпрестижните европски и светски медицински центри.


Слично

Поврзани вести