Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-Р НУРЕДИНИ: Во тетовската болница има еден починат, имал хронична болест

Д-Р НУРЕДИНИ: Во тетовската болница има еден починат, имал хронична болест

Изминатите 24 часа во тетовската болница се бележи смртен случај кај еден пациент меѓу хоспитализираните луѓе заразени со Ковид-19. Новопримени се 14 лица на болничко лекување.

„Во моментот има вкупно 120 лица кои се хоспитализирани, од кои 119 се на кислородна поддршка. Од нив 10 се вакцинирани само со една доза, додека четворица се со две дози. Починатиот пациент бил со хронична болест“, информира за Канал 5 телевизија  Д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид центарот.

За прегледи и контроли во ковид центарот за 24 часа се бележат 137 лица.

Слично

Поврзани вести