Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-р. Никола Пановски: Значително зголемена употребата на сумамед и панцеф, а за ковид 19 не е предвидено превентивно давање на антибиотици

Д-р. Никола Пановски: Значително зголемена употребата на сумамед и панцеф, а за ковид 19 не е предвидено превентивно давање на антибиотици

Професорот, д-р. Никола Пановски, предупредува на зголемената употреба на антибиотици во нашава земја, посебно на препишано рецепти за сумамед и панцеф, кои се употребуваат во терапијата за болни од Ковид-19. Во неговиот пост на Фејсбук, кој го пишува по повод Европскиот ден за рационална примена на антибиотици, како и почетокот на Светската недела за контрола на антимикробната резистенција, професор Пановски вели дека антибиотици на терет на ФЗО се препишувани и на здрави лица, кои не биле воопшто позитивни на ковид.

Смета дека во следните 2-3 месеци, лице кое пиело антибиотик со широк спектар на дејство е помалку отпорно на инфекции со патогени бактерии – „лошите бактерии“.

- Ако такво лице биде примено во болница поради било која причина, особено ако такво лице биде примено на интензивна нега, неговата одбрана од бактериски инфекции е значително намалена. Имено неговиот дигестивен систем е „празен“, во него лесно и брзо се населуваат болничките бактерии отпорни на скоро сите антибиотици. Кога има „добри бактерии“ тие ја чуваат територијата, на пример ја чуваат усната празнина, и „лошите бактерии“ немаат простор каде да се размножат. Ова особено важи за пациентите со ковид, зошто дел од нив ќе завршат во болница, за жал прехоспитално подготвени да ги примат брзо болничките бактерии. Пневмонијата од тие бактерии е многу тешка за лекување, пишува професор Пановски.

Во продолжение прочитајте го целиот негов текст објавен на Фејсбук:



Слично

Поврзани вести