Д-Р НИКОЛА ПАНОВСКИ: Во САД, од 100 милиони вакцинирани со Фајзер, кај нив за 90 отсто е намалена болеста, а за 100 отсто хоспитализациите и смртните случаи
Професор д-р Никола Пановски, инфектолог, во своето гостување на телевизија 24 на емисијата Студио 10, вели дека ако во земјава, ако издржат болниците со вакви мерки какви што сега имаме, тие ќе бидат доволни.
„Иако е прашање дали есента може да се смета дека болниците издржаа, но сепак се преживеа, мислам дека се доволни за да се спаси економијата. Не гледам што ќе се случи ако полицискиот час почне на пример од 17 часот, бидејќи ако луѓето сакаат да излезат, ќе излезат и до 17 часот. Оние карантини тридневни можат да и наштетат на економијата, а и лошо ќе влијаат на луѓето“, рече Пановски.
Инаку, професортот смета дека карантините што се прават во земјите каде што се врши масовна вакцинација на луѓето, се знае зошто се прават, односно причина е кога ќе се олабават мерките, да имаат имунизирано население и вирусот да не се шири.
„А кај нас што би се случило доколку се оди на карантин - точно е дека бројот на заразени ќе се намали, но бидејќи сме далеку од масовно вакцинирање, само ќе го одложиме проблемот“, рече Пановски.
Во Србија, според него, и покрај вакцинацијата, причината што расте бројот на заразени е што очигледно не се почитуваат мерките, а бројот на потполно вакционирани е далеку од оној број што би направил спречување на ширење на вирусот.
„Значи, ако тие имаат досега вакцинирани 1,5 милиони, а со втора доза над 700 илјади вакцинирани граѓани, тоа е ништо во однос на 7 милиони жители, значи потполно вакцинираните не се ни до 10 отсто од населението. Исто така, зависи и од тоа со која вакцина сте вакцинирани, бидејќи кај кинеските вакцини подоцна се стекнува имунитетот. Значи треба да се вакцинираат најмалку пет милиони за да се види тој ефект што се гледа во Израел“, вели Пановски.
На прашањето на новинарот Мишко Иванов на што се должи големиот број на заразени кај нас, и зголемената смртност која е фрапантна и зошто се помлади од 20 до 40 години завршуваат на кислород, професорот вели дека смртноста се должи на големиот број на случаи. Таа можеби како процент е помала, односно ако беше три проценти, сега можеби е два проценти. Значи, се должи на фактот не заради тоа што е британскиот сој посмртоносен, туку затоа што има голем број случаи. Што се однесува до младите, факт е дека огромоен број од новозаразените се почесто се млади, затоа и таму е поголем бројот на хоспитализации. Но, не мислам дека е тој голем број на луѓе под 45 години што лежат во болниците, вели Пановски.
За вакцината на АстраЗенека, дали станува збор за комерцијална војна на титани или навистина има проблеми со неа, д-р Пановски смета дека е добро што таа е стопирана за се да се докаже каква е вистината, и да нема недоумици околу неа.
„Иако е индикативно зошто баш најевтината вакцина, која е пет пати поевтина од Фајзер и 2,5 пати поевтина од Спутник, кај неа да има проблеми. Бројките што јас ги гледам на бројот на вакцинирани кои добиле тромбоза во мозокот, нема доказ да се поврзе вакцината со тоа. Не би го знаел, ниту некој го знае механизмот зошто таа вакцина би предизвикала тромбоза, а зошто не би предизвикала сличната на неа, Спутник, за која е прашање дали во Европа за неа се води ваква евиденција. Тоа се слични вакцини со аденовирус. Ако земете дека во Германија има 7 случаи на 1,6 милиони луѓе вакцинирани во две недели после вакцината секој ќе се праша колку во Македонија, еве сме 1,6 милиони, иако тука нема вакцина, сигурно може да има 7 мозочни ударти заради тромбоза. Јас мислам дека ќе испадне дека тие смертни случаи со вакцината се коинциденција, но ќе се докаже“, вели Пановски.
Прашан како би ги рангирал вакцините по квалитет, вели дека има конфликт на интерес бидејќи е вакциниран со Фајзер.
„И фасцинантни се резултатите на тие што ја примија првата доза, без да се прими втората, антителата се многу високи. На стотици вакцинирани, после 21 ден, антителата беа многу високи, преку 100. Но, ќе има за тоа комплетна студија. Професорот Петличковски рече дека сме примиле чудо од вакцина.
На светско ниво, по милиони испитани, комплетно вакцинираните со Фајзер, по поминати две недели од втората вакцина, за две третини е намалено инфицирањето. За две третини е намалено заразувањето кај тие лица, а една третина од вакцинираните можат да го добијат вирусот, но остануваат асимптоматски. Но, за 90 отсто е намлено воопшто болеста како таква и што е фасцинантно, за 100 отсто се намалени хоспитализации и смрт. Значи, од 100 милиони вакцинирани во САД, нема ниту еден хоспитализиран и смртен случај. Истото се случува и во Израел“, вели д-р Пановски.
И тие што добиле инфекција во првите денови, еве кај нас беа 50, тие полесно поминуваат, не завршуваат во болница. Така што, ако се другите вакцини како оваа, ковидот во иднина ќе го има, но ако е масовна вакцинацијата, но ќе биде или без симптоми или со лесни симптоми како настинка.
