Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-р Никола Пановски: Попис на тераса или во двор, прво со прележаните

Д-р Никола Пановски: Попис на тераса или во двор, прво со прележаните

Додека Државниот завод за попис чека конкретни насоки  од здравствените власти, односно протоколите и мерките за реализирањето на пописот, д-р Никола Пановски вели дека теренскиот дел од операцијата може да се одложи за еден или два месеци.

Микробиологот претпоставува оние што ќе им ги отворат вратите на попишувачите тоа да го направат во дворовите или на терасите, а предложува први за непосредниот дел од пописот да бидат оние стотина илјади кои го прележаа корона-вирусот.

„Некаде од 15 мај, ќе може да се прими попишувачот на тераса или двор. Или со отворен прозорец, доколку нема тераса. До попишувачот ќе може да се седи со заштитна маска во најголемата просторија во домот

Прво да се оди кај овие 100.000 што прележале Ковид-19, за да се искористи рокот да се вакцинираат во меѓувреме другите. Иако и сега е безбедно, може тогаш да биде побезбедно, иако тешко дека ќе го убедите народот дека е безбедно“, Пановски дава симулација за тоа како би изгледал пописот.

И премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски оставаат простор за можноста пописот да биде одложен, а последниот збор за тоа ќе го имаат здравствените власти.


Слично

Поврзани вести