Д-Р НИКО БЕЌАРОВСКИ: Во лифт се чувствувам побезбедно кога се возам со прележан отколку вакциниран од ковид во последните шест месеци
Здравствените власти од утре ќе разговараат со синдикатите околу новите мерки, а тоа е вработените во јавниот сектор или да се вакцинирани, или задолжително да прикажуваат ковид сертификати, не постари од 72 часа.
На оваа тема анализираа многу лекарски имиња во земјава, а меѓу нив свое мислење даде и д-р Нико Беќаровски.
Според него, треба да се знае следново.
Природно стекнатиот имунитет по секоја инфективна болест е најдобриот имунитет, и за жал, некогаш цената е прескапа.
Вистински прележаните болни од Ковид-19 се драстично обесправени со новите антиковид мерки.
Ставањето на вистински прележаните болни во иста група со невакцинираните непрележани граѓани е медицински неоправдано !!!!
„Во лифт се чувствувам побезбедно кога се возам со вистински прележан болен од Ковид-19 во последните 6 месеци, отколку со комплетно вакциниран од пред шест месеци.
Сите прележани од Ковид-19 со релевантен тест за антитела би требало да добиваат ковид пасош, кој би се обновувал на секои три месеци, ако нивото на антитела е задоволително (вредноста би ја одредиле нашите имунолози).
Кај сите постари лица од 50 години, кои во меѓувреме не заболеле од Ковид-19, како и кај сите заболени од имунокомпромитирачки болести давањето на бустер доза е медицински оправдано.
Вакцинацијата на комплетно здрави малолетни лица нема реална медицинска индикација, а кај лица од 18-30 години е пожелна, но не и неопходна.
Масовната вакцинација се уште е најдобар и единствен начин за сузбивање на пандемијата, иако не ги исполни сите очекувања.
Вакцините се најголемото достигнување во современата медицина во последните 150 години.
„Почитувани мои, можеби грешам, можеби не сум 100 отсто во право, но ова е моето моментално мислење врз основа на достапните релевантни студии кои ги читам во изминативе 20 месеци и врз основа на моето 32 годишно искуство како лекар“, пишув доктор Нико Беќаровски.
Слично
