Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-р. Наќе Гогов заминува во пензија и повеќе не е директор на струмичката болница, на негово место доаѓа д-р. Катерина Кузмановска

Д-р. Наќе Гогов заминува во пензија и повеќе не е директор на струмичката болница, на негово место доаѓа д-р. Катерина Кузмановска

Наќе Гогов повеќе не е директор на Струмичката општа болница.

Овој податок може да се види од Централниот регистар, каде е наведено дека има промена во раководството на оваа болница.

Поточно, Наќе Гогов, кој беше директор на Струмичката општа болница со неограничени овластувања, веќе не е овластено лице во таа болница, говорат податоците од регистерот.

На негово место како в.д. директорка со неограничени овластувања доаѓа Катерина Кузмановска.

Според информациите, Наќе Гогов е разрешен од функцијата поради заминување во пензија, и со одлука на министерот Венко Филипче за нов директор на струмичката болница е именувана д-р Катерина Кузмановска.

Катерина Кузмановска е специјалист по педијатрија, која во претходниот парламентарен состав беше пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.

Како што неодамна пишуваше Фактор, да не напишеше пост Наќе Гогов, јавноста во земјава немаше да дознае колку е лоша состојбата со амбулантните возила.

Тој првично на фејсбук преку свој статус ги повика граѓаните да донираат за да може да се купи ново возило за болницата, по што статусот се прошири. 

„Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани, знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин , меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен - болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно, ние како „ЈЗУ Општа болница - Струмица" имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион“, напиша Гогов. 

После сите негативни коментари, тој го повлече статусот.

Набргу потоа премиерот Зоран Заев даде лична донација - амбулантно возило за потребите на болницата во Струмица. 

Инаку, наспроти малиот број на коли за медицински потреби, во земјава има неколку илјади службени автомобили. Тие се наменети за возење на премиери, вицепремиери, министри, градоначалници, секретари, началници, директори…

Слично

Поврзани вести