Д-Р ЛАЗАРОВ КОНТРА ТРАМП ЗА ПАРАЦЕТАМОЛОТ И АУТИЗМОТ: Нема потреба да се слушаат небулозни совети од лаик како Трамп
Докторот Ненад Лазаров, кој се специјализираше во областа на гинекологијата и акушерството, тврди дека не постои никаков силен научен доказ за поврзаноста меѓу парацетамолот во бременост и аутизмот.
„Не постои никаков силен научен доказ за поврзаност на употреба на парацетамол во бременост и аутизам, апсолутно нема потреба да се слушаат небулозни совети од лаик како Трамп.
Досегашните големи студии, вклучително и шведска студија на 2.4 милиони деца, не наоѓаат поврзаност меѓу употреба на парацетамол во бременост и ризик од аутизам, АДХД или интелектуална попреченост.
Актуелниот консензус на стручната заедница по ова прашање е дека доколку рационално се употребува, во краток интервал и во минимална ефективна доза, парацетамол останува прв избор за аналгетик во бременост“, напиша тој.
Слично
