Д-Р ЛАЗАРОВ: ЦЕЛА БОЛНИЦА СЕ ПРАВИ ЗА ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - за третманите на дечињата со аутистичен спектар
Д-р Ненад Лазаров со интересна забелешка за начинот на кој се третираат дечињата заболени од аутизам во државава.
Вели дека наместо прескапи третмани, ќе се изградела болница од два милиони евра.
„Наместо десетици деца со аутистичен спектар да праќаме по бел свет на прескапи третмани кои никогаш не се еднаш само, 30 години влади искрадоа а невладини испраа пара огромна и никој не направи сериозен голем центар наш, на овие смешни цени за персонал! Арам да ви е, 100 деца по 20.000 од третман се 2 милиони евра годишно само за донации што одат, болница се прави цела со толку пари“, пишува д-р Лазаров на својот фејсбук профил
.
Слично
