Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-р Лазар Ѓуров со предлози до Заев, Шилегов, Макрадули: Наместо козметика, „машки“ до чист воздух

Д-р Лазар Ѓуров со предлози до Заев, Шилегов, Макрадули: Наместо козметика, „машки“ до чист воздух

Околу воздухот ако стварно сте решиле да се справите со проблемот без козметика тука онака "машки" (или уште похрабро да кажам женски) да се зафатите со него, ќе ви споделам неколку мои предлози.

1. Укинете тоа правилникот за информирање и алармирање. Скопје од средина на есен до почеток на пролет мора да има посебен режим на функционирање. Третирајте го градот како да има елементарна непогода.
2. Во тој период:
- Набавете и поделете маски со потребна заштита за сите.
- Да поефтини градски транспорт или да биде бесплатен.
- Кој доаѓа и си оди со точак од работа да добие минус еден час од работното време.
- Задолжителен пар непар цел период. Каква и кола да вози да мора еден ден да не ја вози.
- Колите без потребен стандард да не смеат да се возат цел период.
- Забранете возење по еден во кола. Кој вози така да биде санкциониран.
- Субненционирани или целосно бесплатни печки на плин и доволно боци за сиромашните за цела зима.
- Поевтино парно за сите.
- Целосен мораториум за сите градежни активности.
- Засилени инспекциски тела на терен за да проверуваат дали некој се грее на глупости (гуми, нафта, пластика...).
3. Претходно целосен инспекциски надзор на сите индустриски капацитети. Да се провери дали имаат потребни филтри. Исто дали можеби имаат повеќе наменски горилници и ако имаат да им се постават детектори за да се следи на што работат.
4. Да се направат огромни казни за тие кои маскирано загадуваат.
5. Купете автобуси на плин...или модифицирајте ги постоечките ако постои начин.
6. Делете плински боци за греење каде треба.
7. Купете усисни машини за пм 10.
8. Цела година правете кампањи за велосипедизам и пешачење.
9. Субвенционирајте коли на струја. 
10. Субвенционирајте фотоволтаични панели на куќи и згради. Да не мора РЕК Битола да работи со полн капацитет.
11. Прогасете потполн мораториум за сечење на дрвја цела година.
12. Креирајте Катастар за зеленило.
13. Контрола на центрите за техничките прегледи дали проверуваат правилно издувни гасови ако не го парават тоа да бидат веднаш затворени.
14. Во пикови децата да не мора да одат на школо.
15. Бесплатни автобуси до Водно.
16. Прочистувачи на воздух во сите градинки, училишта и факултети.
17. Пунктови за изнајмување по ефтина цена на градски велосипеди во секоја населба.
18. Вие да одите со точак или пешки на работа за да ги мотивирате луѓето да го следат вашиот пример...нели сте лидери? 
19. Подобрување на велосипедска инфраструктура. Јакнење на велосипедска култура. 
20. Зголемување на возен парк (Јсп) (на плин или електричен погон) и дисциплина и точност на возен ред.
21. Субвенции за сончеви колектори.
22. Секој граѓанин да си засади по 3 дрвја и да ги пази и одгледува.
23. Турете многу од вертикалните градини за прочистување низ градот.
24. Субвенции ако премине со колата од бензин на плин.
25. Субвенционирајте да се стават филтри на сите индустриски оџаци.
26. Вработете и опремете инспектори. Нека хараат на терен како да се Ујп.
27. Дневна контрола на работата на Дрисла. Да се проверува дали уништуваат несоодветен увезен или наш отпад и дали тоа го прават со горење или на друг несоодветен начин кој загадува.
28. Земете кредит и направете ИТНА И ЦЕЛОСНА ГАСИФИКАЦИЈА!!!
За сега толку. 

Фејсбук статус на Д-р Лазар Ѓуров

Слично

Поврзани вести