Д-р. Кунгуловски: Убави вести - двете вакцини што со нетрпение ги очекував, се пред одобрување
Доктор Горан Кунгуловски од клиниката „Жан Митрев“ преку својот фејксбук профил сподели, како што вели, убави вести од светот на вакцините.
Тој нагласува дека двете вакцини што со нетрпение ги очекувал, се пред одобрување.
„Убави вести од светот на вакцините. Двете вакцини коишто со нетрпение ги очекував во овие неколку месеци, конечно набрзо ќе добијат одобрување, бидејќи interim резултатите од клиничките студии фаза 3 се готови.
Првата е вакцината на Janssen Pharmaceuticals (Johnson & Johnson), аденовирусно базирана вакцина (како Sputnik V и AstraZeneca), но за разлика од нив се дава во една доза. Прелиминарни студии во мајмуни укажуваат заштита и од заболување и трансмисија (останува да видиме кај луѓе).
Резултатите за ефикасност се надевав дека ќе бидат малце подобри, ама бидејќи се дава во една доза, не се неочекувани. Вакцината превенира сериозен COVID-19 кај 85 отсто од случаите и благ и сериозен COVID-19 кај 70-тина отсто од случаите. Повеќе од доволно за да направи значаен придонес во борбата со болеста“, пишува на фејсбук доктор Кунгуловски.
„Вакцината којашто ми беше фаворит уште од самиот почеток, на малата американска компанија Novavax. Од 1/2 фаза на клинички студии оваа вакцина будеше најсилен имун одговор на антитела. Базирана е на спакуван рекомбинантен протеин во матрикс од наночестички. Прелиминарни студии во мајмуни укажуваат заштита и од заболување и трансмисија (останува да видиме кај луѓе).
Резултатите од третата фаза на клинички студии се најхетерогени досега и се малтене спектакуларни. Покажуваат 95,6 отсто ефикасност кон оригиналниот сој, 85,6 проценти ефикасност кон британскиот сој, 60 отстоп ефикасност кон јужно-африканскиот сој“, пишува овој доктор.
Слично
