Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-Р. КОСТОВ ЗА ФАКТОР: Чекаме секој момент да стигнат пациенти од Тетово, ГОБ „8 Септември“ е целосно подготвен

Д-Р. КОСТОВ ЗА ФАКТОР: Чекаме секој момент да стигнат пациенти од Тетово, ГОБ „8 Септември“ е целосно подготвен

Неофицијално од досегашните информации кои ги добивам од Тетово, во големата трагедија вечерва животот го загубиле меѓу 20 и 30 пациенти, изјави за Фактор директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов.

Вели дека болницата е целосно подготвена да прими пациенти оттаму и да им биде пружена сета неопходна нега и лекување.

-Во моментов во ГОБ „8 Септември“ се лекуваат 99 пациенти болни од ковид, но веднаш можеме да примиме 10 пациенти, има места на одделенијата за Ковид каде што има централен довод на кислород. Можеме да примиме и повеќе, во тој случај би го отвориле одделението за абдоминална хирургија. Таму нема централен довод на кислород, но располагаме со доволен број на боци. Во секој случај, целиот медицински кадар е подготвен да ги згрижи пациентите од тетовската болница, чекаме ској момент да почнат да пристигнуваат, вели д-р Костов во изјава за Фактор.

Инаку, на социјалните мрежи веќе се објавуваат видеа од големата трагедија во модуларната болница. На снимките се гледаат тела на болнички кревети. 

А.Б.


Слично

Поврзани вести