Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-р. Костов: Студиите покажаа дека најголем дел од починатите од ковид се со најмалку два коморбидитети

Д-р. Костов: Студиите покажаа дека најголем дел од починатите од ковид се со најмалку два коморбидитети

Директорот на ГОБ 8 Септември, Христијан Костов, во своето гостување на телевизија Сител откри интересни детали за тоа кој е причината за смртноста на пациентите болни од ковид. Според него, голем дел од починатите се со најмалку два коморбидитети.

На почетокот, причина било и задоцнетото доажње во болница.

„Во почетокот на пандемијата, за голем дел од граѓаните болеста не беше позната, не се знаеше каква е патогенезата и етиологијата на болеста, начинот на лекување, но, како што се развиваше, така добивавме повеќе сознанија за лекувањето. Раната дијагноза и раното лекување е со добар исход. Секое задоцнето лекување и доаѓање во болница кога е падната сатурацијата под 50 отсто, тоа оди кон за жал трагичен исход и медицинскиот персонал многу малку може да помогне. Како се развиваше, точно се знаеше што напаѓа вирусот, вирулентноста, каков е нчинот на лекување. Последните пет месеци смртноста во најголем процент беше заради задоцнетото пријавување на болеста. Имавме ситуации каде во тек на ноќта имаше по пет-шест реанимации во самите тријажни центри, и голем дел од смртните случаи беа на самиот прием. Тоа се пациенти кои не се пријавувале и се лекувале дома без лекарства и доаѓаа доцна“, објасни Костов.

Втората причина, според него, се придружните болести.

„МЗ почна една студија за анализа на смртноста во ковид центрите. Првчните сознанија покажаа дека 80 отсто од смртните случаи се со најмаку два коморбидитети. Тоа значи дека кај оние пациенти кои имаат коморбидитети дејството на вирусот го комплицира примарното заболување. Затоа таа смртност е висока. Многу мал процент е смртност само од ковид пнеумонија. Се друго е комбинирано со срцева слабост, бубрежна слабост, хипертензија, обезитас. Оние неколку млади луѓе кои починаа беа исто со некои коморбидитети и синдроми, и многу малку можеше да се направи од медициснкиот тим, кои се професиналци“, рече Костов.

Сега ковид центарот во ГОБ е ограничен на 50 пациенти и секојдневно се чувствува притисокот од нови заболени.

„Нашта болница е ограничена на 50 ковид пациенти. Секојдневно последниве две недели го чувствуваме тој зголемен притисок на паценти. Последниве денови капацитетот ни е речиси полн, меѓутоа имаме добра корелација со Инфектвната клиника и со болнцата во Козле, па правиме прераспределба на пациентите, во смисла дека сите пациенти кои се веќе во подобра состојба се препраќаат во другите болници, со цел да ослободиме неколку места за најитните и најтешките случаи, кои ги препраќаат од сите други болници од цела држава, со брза помош, кои имаат многу ниска стапка на сатурација на кислород во крвата, како и со коморбидитети, кои за жал се во најголем процент причина за смртноста на пациентите“, рече директорот на ГОБ.

Прашан дали може да се јави потребата 8 септември повторно да стане ковид центар, тој рече дека сега се оди први да се исцрпат сите капацитети во нашата држава кои се веќе во функција, и доколку веќе се исцрпат сите капацитети и нема друг начин да се справиме со бројката на заразени, секако, со одлука на Владата, ќе се направиме повторно прераспределба на целокупниот имот, кадар и апаратура што ја имаме во болницата, со цел да бидат згрижени сите граѓани.

На прашањето дали има доволно лекари и друг медициси персонал, Костов со одговор.

„Ние 6 месеци бевме главниот тријажен центар и бевме на удар, дневно примавме по 20 до 25 пациенти, еден период имавме 180 хоспитализирани пациенти, целиот овој товар го поднесоа докторите и специјалистите по интерна медицина, околу 50. Да се заблагодарам, бидејќи тие пациенти се со тешка клиничка слика. Се чувствува дека се преуморни, може да дојде црвената линија и некој да каже доста е, секој има право да си ја продолжи на друго место кариерата. Но, бројката на тие кои си заминуваат од нашата болница не е голема, тоа се поединици кои главно заминуваат во странство. Немаме ни еден заминат доктор. Се зборуваше за шефицата од Инфективо, но таа е се уште кај нас вработен, уште е началник на Ковид центарот и активно учествува во лекувањето на најтешките пациенти. Како натаму, ќе зависи од нејзината привна одлука“, објасни д-р. Костов.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести