Д-р. Кон: Србија е преблизу до „италијанското сценарио“, пациенти од Белград сместуваме во помалите градови, тоа никогаш не било
Српскиот епидемиолог
Предраг Кон смета дека епидемиолошката слика во Србија од вонредна преминува во
катастрофална. Алармантно е тоа што, како што потенцира д-р. Кон е дека веќе
нема место за пациентите од Белград во белградските болници, па мораат да ги
транспортираат во помалите градови, каде и таму веќе местата се речиси при
крај.
-Состојбата не е вонредна, веќе е катастрофална, на чекор сме до „италијанското сценарио“, потенцира српскиот епидемиолог.
Тој претходно изјави дека повеќе во Србија не ја спасува ниту полицискиот час, бидејќи вирусот е влезен во семејствата, потенцирајќи дека 2-милионскиот Белград е празен по 22 часот, а бројот на новозаразени е огромен.
Слично
