Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-р Драгана Петровска Цветковска: Без нервози и стресови, мозочниот удар коси

Д-р Драгана Петровска Цветковска: Без нервози  и стресови, мозочниот удар коси

Светската здравствена организација излегува со фрапантна бројка дека секои 5 секунди некое лице добива мозочен удар, а честотата на заболувањето варира од 240-600 лица на 100.000 жители. Последната официјална статистика од 2016 година за Македонија  говори дека од мозочен удар страдаат 100 лица на 100.000 жители, и за оваа година имаме 300 нови лица на 100.000 жители, со висока стапка на смртност од 7.7%, што  е загрижувачка бројка – вели за Фактор,  д-р Драгана Петковска-Цветковска, доцент при катедрата по неврологија на Медицинскиот Факултет во Скопје.

Статистиките вели се поразителни, но граѓаните треба да знаат дека динамичното секојдневие, трката за кариера и пари, стресот, нервозата  како и занемарувањето на здравствените проблеми некогаш знаат да не чинат скапо.

 “Како во светот така и во нашата држава, со цел да се информира населението, се одржуваат  кампањи и акции со цел мозочниот удар да се препознае. Мошне едноставен и лесен за запомнување е FAST протокол (Face – лице, Arm – рака, Speech – говор, Time – време). Имено кај пациентите со МУ имаме спуштен усен агол од едната страна, слабост на раката, или раката и ногата, променет говор, и четвртата ставка е времето како мошне битен фактор со цел да се повика брзо итна медицинска помош, бидејќи раното препознавање на мозочен удар и итното транспортирање до центрите каде се лекуваат овие пациенти,  е од исклучителна важностзаради типот на терапијата која има ограничувачки временски прозорец”- објаснува д-р Петровска Цветковска. 

Времетопоминатопомозочниотударе  најзначајниотфакторзатоакакваќебидесудбинатанапациентот. Вопрвите 4,5 часа со давање на тромболитична терапија можно е постигнување на комплетно реканализирање и враќање на циркулацијата, а со самото тоа и комплетно повлекување на невролошката манифестација.

“Апсолутно кај овие пациенти најбитно е времето! Мозочниот удар претставува итна медицинска состојба. Какви и да се знаците на мозочниот удар, не треба да се занемарат и треба да се побара итна медицинска помош.Проценката на клиничката слика од лекарите од ИМП и брзиот транспорт до центрите каде се лекуваат мозочните удари, води кон навремена и точна дијагноза на ова заболување. Главната дијагностичка алатка е компјутеризирана томографија на мозокот со која можеме да процениме за кој тип на мозочен удар станува збор, а од тоа и начинот на лекувањето кој е сосема различен. Ако се спроведе лекувањето веднаш после појавата на симптомите, имаме подобар исход за преживување и помала тежината на мозочниот удар.Брзината на транспортот и брзата дијагноза особено е битно воколку постои застој во крвотокот во некој од мозочните крвни садови, предизвикан од крвен згрушок (тромб). Имено,делот од мозокот кој е исхрануван од запушениот крвен сад останува без потребните состојки воглавно кислород и шеќер, заради што овие нервни клетки брзо изумираат. Втор, и според најновите препораки посупериорен начин на третирање на овие болни е и тромбектомијакаде механички се отстранува тромбот, со вметнување на катетерот во феморалната или радијалната артерија, кој се насочува кон церебралната циркулација и механичко фаќање и вадење на тромбот со помош на еден вид на јамка/омча. За оваа техника временскиот прозорец е поголем”- вели д-р Петковска Цветковска.

Мозочниот удар по дефиниција е нагло прекинување на крвоснабдување на мозокот со крв, заради руптура -прскањена крвниот сад или заради оклузија (запушување) на крвниот сад од тромб. Дотокот на кислород и хранливи материи во мозокот е прекинат и мозочните клетки се оштетуваат или се уништуваат. Мозочниот удар варира со степенот на сериозност: од минлив исхемичен напад при што симптомите се подобруваат во рок од неколку часа, до сериозен мозочен напад што може да предизвика трајна онеспособеност или дури и смрт.

“Генерално ризик факторите ги делиме во две групи, група на предходни заболувања како ризик за мозочен удар  и група на животни навики. Од преморбидни заболувања водечки ризик фактор е нерегулиран крвен притисок, а веднаш потоа следи нерегулиран дијабет. Следен фактор е срцевата аритмија особено ако не е добро контролирана тераписки со антиаритмична и антикоагулантна терапија. Додека од факторите на животен стил апсолутно водечки се пушењето и дебелината, конзумацијата на алкокохол и физичката неактивност и емоционалниот стрес.Мозочниот удар е болест на возрасната популација, и три четвртини од заболените се над 65 години. После педесет и петтата година двојно се зголемува ризикот за мозочен удар, но може да се манифестира и кај млади луѓе дури и бремени жени кои се предиспонирани и носат ризик фактори со себе. Во однос на половата дистрибуција почесто се јавува кај мажите”- потенцира докторката Петковска Цветковска.

Современото живеење  според неа со себе носи стрес, напнатост и нерасположение. Особено воколку е присутен подолго време, ја засега емоционалната сфера на личноста, и повлекува со себе штетни навики на живеење како пушење и пиење, но и варијации во крвиот притисок. Дополнително како што вели проблем е и физичката неактивност што создава лица кои се потенцијални кандидати за ран дијабет и хипертензија.

“Апсолутно препорачувам спортување, кај повозрасните пешачење, дружење и разговор, повеќе смеење, исхрана со помалку маснотии и шеќери.Накратко кажано инвестирајте уште во младоста, за да живеете убава старост.Во рамките на неделата на сестринството, организиравме акција на мерење на крвен притисок и мерење на шеќер во крвта. Секој од присутните добија брошири како да го препознаат мозочниот удар, што се ризик фактори и како истите да се превенираат. Добија и картончиња за бележење на крвниот притисок. По мерењето на крвниот притисок на картончето залепувавме стикери во три бои црвено-делувај, жолто-следи и зелено-одлично. Изненади бројката на потрошени црвени стикери која беше двојно поголема од жолтата, и за жал мал број на зелени без потрошени. Ова упатува на тоа дека сеуште е потребно интезивно теренско работење меѓу граѓаните, медиумски кампањи и промоции за зачувување на здравјето. Ова претставува и клучна карика од Националната стратегија за превенција од мозочните удари”- нагласува докторката.

Љубовта кон медицината  вели ја носи  уште од најраното детство, кога се присетува дека ги преврзувала  и лекувала  куклите. Ја љуби  неврологијата како наука бидејќи за неа е  недогледен  универзум, а  многу полиња се сеуште непознати и недогледен предизвик за истражување.

“Се трудам секојдневно, како доцент при катедрата по неврологија на Медицинскиот Факултет во Скопје, да ги поттикнам моите студенти и специјализанти, колку знам и умеам, да ја љубат професијата за која се одлучиле, да ги потикнам да размислуваат и да истражуваат, да ги поврзуваат различните медицински гранки во една целина и самите да донесуваат заклучоци. За крај би кажала дека медицината не е само професија, туку таа е стил на живеење, која честопати повлекува многу откажувања и жртви на приватен план”-порачува докторката Петровска Цветковска.

Според светската статистика мозочниот удар е втората причина за смртност во светот. Од мозочен удар страдаат 15 милиони луѓе, од кои 5 милиони завршуваат летално (со смрт), а 5 милиони остануваат трајни и тешки инвалиди. 

С.Б.

Слично

Поврзани вести