Д-Р ДРАГАН ДАНИЛОВСКИ: Кон крајот на февруари или почетокот на март ќе достигнеме ендемично ниво од по неколку десетици случаи дневно
Додека, постепено, сите делови на планетата не достигнат високо ниво на имунитет - некој порано, некој подоцна... Дури тогаш, пандемијата ќе биде завршена во вистинска смисла на зборот, оценува професорот.
Ова во разговор за Фактор неодамна го истакна еминетниот епидемиолог, професорот Драган Даниловски.
Тој нагласува и дека до крајот на февруари-март ќе го достигнеме ендемичното ниво, што според него, би значело само неколку десетици новозаразени случаи во просек на дневна основа.
„Веќе ‚јаваме' на платото на врвот на бранот, кој го достигнавме на 18 јануари. Наспроти дневните високи бројки, седумдневните подвижни просеци стагнираат. Тие се користат за пеглање на дневните варијации и со тоа - појасно прикажување на правецот на бранот. Ефективниот репродукциски број е близу единица. Кон крајот на јануари – почетокот на февруари кривата ќе почне да се спушта. До крајот на февруари-почеткот на март би требало да достигнеме ендемично ниво од просечно неколку десетици случаи дневно. Имајќи го предвид нивото на колективниот имунитет, кој ќе достигне преку 95 проценти, ‚новото нормално' ќе го имаме веќе летово. Порано или подоцна, така ќе биде и во Европа и САД“, истакна проф. д-р Драган Даниловски во разговор за Фактор.
