Д-р Денис Ал Кхалили: Родителите треба да се информираат за предвременото породување уште во бременоста
„Со добра информираност на трудницата и партнерот, поддршка и совети во текот на бременоста, со редовни и темелни прегледи, со подобрување на комуникацијата помеѓу трудницата и лекарскиот тим, може да влијаеме за намалување на бројот на предвремени породувања“
Денес во светот се одблежува Светскиот ден на предвремено породување - секој 17-ти ноември е посветен на малите борци и нивните мајки кои се вредни за славење не само овој ден и месец, туку цел живот.
Околу 15 милиони бебиња се раѓаат предвреме секоја година, или едно на секои 10 новородени. Затоа секој 17-ти ноември ја креваме свеста за предвремено породување, за да се подобри грижата за недоносените бебиња и нивните семејства ширум светот.
Повеќе од 100 организации од целиот свет, меѓу кои и организацијата Лулка од Македонија, ги здружуваат силите и заедно, во синхронизирана акција и под заеднички слоган, го одбележуваат овој ден. Оваа година слоганот е „Родителската прегратка: Моќна терапија“.

Затоа разговараме токму со претседателот на организацијата Лулка, д-р Денис Ал Кхалили - педијатар на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, специјалист во областа на педијатријата и неонатологијата, искусен во реанимација на новороденчиња, грижа за навремено и предвремено родени бебиња, консултант за доење, експерт за исхрана и развој на бебињата и децата.

Како ќе се одбележи денешниот Светски ден на предвремено породување годинава, и која е пораката која ја испраќате на овој ден?
- На овој ден испраќаме силна порака дека животот треба да се слави и заштитува, дека и оние семејства кои имаат предвреме родено бебе заслужуваат да се радуваат на своето дете, а ние како општетство треба да ги поддржиме, да им помогнеме и да бидеме солидарни со нив. Предвреме родените бебиња се многу мали и кревки, тие се пациенти кои не може да се изборат за своите права, а нивните родители пак, во моментот кога ќе се случи предвременото породување често се во шок и неверување, во негирање на фактот дека нивното бебе се родило предвреме. Затоа ние сите, како општество треба да бидеме гласот на овие бебиња, да се бориме да имаат подобро лекување, подобра нега, подобар развој. Токму тоа го правиме на Светскиот ден на предвременото породување - 17. Ноември. Целото интервју на д-р Денис Ал Кхалили прочитајте го на Женски магазин.
