Д-Р ДЕЈАН СТАНОЈКОВСКИ - АКУТНИОТ ПАНКРЕАТИТ МОЖЕ ДА БИДЕ ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКИ: „Смртноста е висока кај хеморагичната форма“
Едно од
најопасните заболувања, од кое не се изоставени ниту најмладите пациенти, е акутниот
панкреатит, кој за жал завршува и фатално во голем дел од случаите. Во разговор
за Фактор, д-р Дејан Станојковски, субспецијалист гастроентерохепатолог вели
дека за појавата на акутниот панкреатит постојат низа причини и фактори на
ризик.
-Главните причини за акутен панкреатит кај возрасните се камења во жолчката, други болести на жолчното кесе и алкохол. Вирусна инфекција (заушки, коксаки Б вируси), микоплазма пневмонија, бактерија Campylobacter, повреда, операција на панкреасот или жолчниот канал и некои лекови, исто така, може да бидат причини за воспаление. Механизмот што предизвикува панкреатитис не е добро разбран. Се смета дека ензимите кои нормално се лачат од панкреасот во неактивна форма се активираат во панкреасот и почнуваат да го уништуваат неговото ткиво. Тоа е процес на автолиза кој предизвикува оток, крварење и оштетување на крвните садови. Нападот може да трае 48 часа. Оваа болест влијае на повеќе мажи отколку жени. Консумацијата на алкохол е фактор на ризик, посочува д-р Станојковски.
Вели дека постојат симптоми кои би требало да го наведат пациентот да се јави на лекар, а дел од нив се гадење, повраќање, слабост, потење, агитација, треска, леплива и влажна кожа, блага жолтица...
-Се јавува и абдоминална болка во горниот десен или во средината, перзистентна или хронична кои се враќаат или веќе претходно се појавиле слични тие можат да се зголемат ако легнете на грб, тие можат да се шират на грбот или под десното рамо како сечило, може да биде полошо кога јадете или пиете (се јавува во рок од неколку минути по оброкот), особено мрсна или храна богата со маснотии, болката може да се влоши по пиење алкохол. Други симптоми кои можат да бидат поврзани со болеста, се и отечен стомак, полност и гасови во абдоменот, модринки и крварење во кожата, болка во градите под градната коска, болка во слабината, прекумерни гасови/ветрови, икање, осип или лезии на кожата, столчица во боја на глина, нагласува д-р Станојковски.
При состојба на акутен панкретатит, општ преглед, како што вели тој, ќе покаже дека крвниот притисок е низок и дека пулсот е над 90, односно малку брз. Тестови кои покажуваат дека се лачат ензими на панкреасот се:
покачени вредности на серумската амилаза
покачени вредности на амилаза во урината
покачени вредности на серумската липаза
-За да се открие воспалението на панкреасот, од особена важност е да се направи компјутеризирана томографија (КТ), абдоминален ултразвук и други тестови на крвта. Комплетната крвна слика покажува зголемен број на леукоцити, можна зголемена концентрација на гликоза во крвта, пониски вредности на серумскиот калциум, вели д-р Станојковски.
Во однос на прогнозата за акутното воспаление на панкреасот, д-р Станојковски вели дека кај некои случаи болеста станува опасна по живот.
-Во повеќето случаи, симптомите исчезнуваат во рок од една недела, но во некои случаи, се развива болест опасна по живот. Смртноста е висока кај хеморагичен панкреатит со оштетување на црниот дроб, срцето или бубрезите. Нападите на акутно воспаление може да се повторат.. Постојат и голем број компликации: низок крвен притисок, срцева слабост, бубрежна инсуфициенција, АРДС (синдром на респираторен дистрес кај возрасни), асцит, акумулација на течност во абдоменот цисти (шуплини исполнети со течност) или апсцеси (збирки на гној) на панкреасот. Превенцијата на акутен панкреатит е поврзана со спречување на нарушувања кои ја предизвикуваат болеста. Ако пиете алкохол, контролирајте го внесот на алкохол. Користете соодветни мерки на претпазливост за да избегнете абдоминална повреда. За да го намалите ризикот од Рејевиот синдром, избегнувајте да давате аспирин на деца со треска, особено ако се работи за вирусно заболување. Вакцинирајте ги децата против заушки и други детски болести, апелира д-р Станојковски.
Анита Буховски
