Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-Р ДАНИЛОВСКИ СО ПРОГНОЗА: Еве колку време е потребно да се решат некои од проблемите во здравството.

Д-Р ДАНИЛОВСКИ СО ПРОГНОЗА: Еве колку време е потребно да се решат некои од проблемите во здравството.

Во интервју за Слободна Европа, д-р Драган Даниловски беше запрашан за тоа што мисли, колку време е потребно за да се дојде до некакви пристојни решенија.

„Ако на пример зборуваме за тоа дека се потребни нови кадри, бидејќи недостигаат најразлични профили на доктори и специјалности, се знае колку време трае школувањето. Еве нека се дипломирани, па за специјализација и супспецијализација им требаат околу 10 години.

Ако утре се почне со нивната едукација значи за десет години. За инфраструктурата за обновување на опрема доволни се две до три години. Ако се воспостави некој ден Клинички центар со вистински оптимални димензии а дел од товарот го преземат регионалните болници, ако примарната здравствена заштита профункционира како што требе тогаш имаме надеж“, рече тој.

Слободна Европа

Слично

Поврзани вести