Д-Р ЧИБИШЕВ ОБЈАСНИ ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТНИОТ МАЗУТ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО: Може да предизвика леукемија!
Не се смирува скандалот со штетниот мазут којбил увезуван во земјава.
Д-р Чибишев на фејсбук објасни какви последици по здравјето на луѓето може да остави тој.
„Во Македонија се увезувал мазут кој имал сомнителен квалитет.
Значи, овој мазут се користел за разни потреби и при тоа животната средина се загадувала различни хемикалии кои се ослобдуваат при согорување на мазутот.
Една од најтоксичните компоненти на мазутот е бензенот.Тој внесен акутно може да го загрози животот а на долг рок предизвикува сериозни нарушувања на нервниот систем, коагулацискиот процес, срцето, бубрезите, црниот дроб, имунолошкиот систем, менталниот развој и забавување на растот кај децата и може да предизвика крвни болести вклучувајќи и леукемија“, напиша тој.
