Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-р. Бушлетиќ: Вакцинација против Ковид-19 не се препорачува само кај луѓе кои имале анафилактична реакција на некоја претходна вакцина

Д-р. Бушлетиќ: Вакцинација против Ковид-19 не се препорачува само кај луѓе кои имале анафилактична реакција на некоја претходна вакцина

Вакцинација во што пократок временски период е единствениот начин да се спречи секоја наредна мутрација на корона вирусот, поотенцира д-р камелија Бушлетиќ, специјалист пулмоалерголог, која е дел од од тимот на Аџибадем Систина. Во интервју за Женски магазин таа потенцира дека секоја наредна мутација на вирусот ќе биде поопасна и пофатална по човековото здравје, зошто со секој обид на науката да го уништи, вирусот наоѓа начин да биде посовршен убиец.

-Затоа е многу битно да се вакцинираме сите и во пократок можен период, за да не му дадеме шанса на вирусот да направи нови мутации, потенцира д-р Бушлетиќ во интервјуто за Женски магазин.

Истовремено нагласува дега главната задача на вакцините е да спречи тешка форма на болеста, за што говори и од лично искуство, бидејќи по вакцинацијата и самата се заразила со Ковид-19.

-Се вакцинирав со „Спутник В“ и една недела по примањето на вторта доза добив корона, но во многу лесна форма. Среќна сум што имав можност да ја добијам вакцината и да не поминувам низ пеколот на оние кои се разболеа од тешка форма на болеста и за жал го изгубија својот живот. Вакцинацијата со сите до сега расположливи вакцини против ковид 19 не се препорачува само кај оние личности кои предходно имале анафилаткична реакција на некоја претходна вакцина или на некоја супстанца која е составен дел од вакцината. Така за m-RNA вакцините тоа е алергија на полиетилен гликол,( PEG, супстанцата која се кристи за стабилизирање на самата вакцина, но е составен дел на многу козметички средства и лекови. Според една студија од 2016 година на Samuel Lai ,фармакоинжињер на Универзитетот во Западна Каролина , 72% од нас имаме антитела кон PEG поради сензибилизирање во тек на животот при користење на козметички средтва и лекови. Но, нивото на овие антитела е ниско .Исто така се смета дека реакции на овие вакцини не биле вистински анафилакси, освен две со Фајзер вакцината, туку повеќе анафилактоидни реакции. Што значи дека не биле права анафилакса, туку симптомите личеле како за анафилакса.Но, ако пациентот направил тешка алергиска реакција на првата доза од било која вакцина, тогаш се препорачува да не прима втора доза. Исто така за сите оние кои имаат алергија од било кој тип за да се надмине стравот од вакцината пожелно е да останат 30 минути по вакцинација, под медицински надзор, бидејки најопасните алергиски реакции се јавуваат точно во првите 30 минути по апликацијата. Значи алергијата кон лекови и храна не е контраиндикација за било која ковид вакцина, туку е знак за поголема предострожност при нејзиното аплицирање, вели д-р Бушлетиќ за Женски магазин.


Слично

Поврзани вести