Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче го најде гинекологот што ќе работи во Шуто Оризари

Филипче го најде гинекологот што ќе работи во Шуто Оризари

Пациентките од општината Шуто Оризари ќе добијат гинеколог, соопшти Министерството за здравство.

На вчерашната средба, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и гинекологот д-р Божидар Бошковски дискутирале околу отворањето на ординацијата, со цел жените од оваа општина да ја имаат потребната и неопходна здравствена услуга. 

Локацијата за ординацијата е најдена, а на средбата беше договорено ресорното министерство да ја опреми ординацијата.

„Сите жени од Шуто Оризари сега ќе имаат гинеколог, кој ќе се грижи за нивното здравје. Д-р Бошковски е искусен гинеколог кој ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина. Проблемот со недостатокот на гинеколог во Шуто Оризари го решивме. Најважното е тоа што пациентките ќе можат навремено да ги извршуваат своите гинеколошки прегледи. Продолжуваме и понатаму да водиме грижа и вистинска здравствена политика за сите пациенти“, потенцираше министерот Филипче.

Слично

Поврзани вести