Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-Р БОЈАН ТРАЈКОВСКИ: Итна помош одби да му даде терапија на лице со телесен инвалидитет, бидејќи е позитивно на ковид, ќе ја работиме вашата работа

Д-Р БОЈАН ТРАЈКОВСКИ: Итна помош одби да му даде терапија на лице со телесен инвалидитет, бидејќи е позитивно на ковид, ќе ја работиме вашата работа

Доктор вработен во приватна здравствена установа преку својот фејсбук профил тврди дека лице кое има телесен инвалидитет било одбиено да добие терапија од брзата помош и од домашната државна посета, бидејќи било позитивно на ковид 19. 

Инаку, како што стои на неговиот профил, овој доктор работи во приватната здравствена установа Медика Вера. 

„Како бе да не си гневен на државава?

Лице со телесен инвалидитет кое не може само да си аплицира терапија за која претходно има добиено регуларен специјалистички извештај поради позитивизираност, е одбиено и од ИМП и државна домашна посета за да му се даде терапијата!

Се работи за буквално три минути работа каде нема никаква опасност!

Ќе одиме, ќе ја даваме терапијата, ќе ја завршиме вашата работа со надеж дека некад некој ќе поднесе одговорност во проклетиево од држаава!!!“, пишува на фејсбук овој млад лекар. 

Слично

Поврзани вести