Д-р Билјана Костовска на AAO 2025 Imagine во Орландо
Од 18 – 20 октомври во Орландо, САД, се одржа AAO 2025 Imagine, организиран од American Academy of Ophthalmology, каде присуствуваше Доц. д-р Билјана Костовска од Систина Офталмологија.
- На настанот се собраа илјадници водечки светски офталмолози и истражувачи за да ги споделат најновите трендови и “cutting-edge” достигнувања во офталмологијата.
Како лидери во офталмологијата во Македонија, постојано ги следиме светските трендови одблиску и вложуваме во растот и професионалниот развој на нашиот тим – со цел размена на искуства и пренесување на најдобрите светски практики тука, дома, во корист на нашите пациенти, објави Систина Офталмологија.

Слично
