Д-р Беќаровски: Тие со коморбидитети можеби оправдано се исплашени од вакцината, десет пати пострашен е вирусот
Ние докторите можеме да ви укажуваме, да ве советуваме, но не можеме 100 отсто да ви гарантираме дека која било вакцина, иако сите се направени со само една цел - да помогнат, ќе ви создаде имунитет, или дека нема да развиете некое несакано дејство, вели универзитетскиот профес д-р Нико Беќаровски.
Тој во својата објава дава показатели за тоа колку луѓе умирале од парацетамол претходните години, можеби многу повеќе лани кога многумина се лекуваа со овој лек поради пандемијата. Сепак вели секоја индивидуа различно реагира на некој лек, затоа и нема гаранции.
Дури и ние здравствените работници, користејќи разни „релевантни извори” создаваме дополнителна конфузија. Секоја проверена или непроверена, докажана или недокажана вест, врзана со вакцините се шири како атомска бомба, со далекусежни ефекти. Да, денес е вест за насловна страна само нешто што е поврзано со добро познатиот вирус и вакцините. Се друго е потиснато, невидливо, неинтересно, пишува Беќаровски.
Додава дека во 2019 година 458 Американци, 211 Британци, починале од Парацетамол. Десет пати повеќе завршија со трансплантација на црниот дроб, поради парацетамол.
„Податоците за 2020 година се уште не се објавени, но сигурно ќе бидат трикратно поголеми, поради интензивниот внес на овој медикамент во текот на епидемијава. Ама, тоа воопшто не може да биде вест за насловната страна. Луѓето не се машини и секоја индивидуа има свои карактеристики. За жал во таа убавина на 7 милијарди различности, лежи проблемот со примената на секој лек и вакцина. Во медицината едноставно не постои 100 отсто, 1+1 не е секогаш два, пишува тој.
Додава затоа дека и некој стар може да е оправдан.
Сите кои имате различни коморбидитети, напредната возраст, можеби оправдано сте исплашени од вакцинацијата, но барем моето лично мислење е дека треба да сте десет пати повеќе исплашени од инфекцијата. Јас ќе Ви посакам малку среќа на првите, а многу, многу, многу среќа на вторите кои ќе одлучите да не се вакцинирате, вели доктор Беќаровски.
