Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-Р БЕЌАРОВСКИ СО ШОКАНТНА ИЗЈАВА - ковид ќе експлодира по 10 август, лекарите да се подготват за живот под скафандери

Д-Р БЕЌАРОВСКИ СО ШОКАНТНА ИЗЈАВА - ковид ќе експлодира по 10 август, лекарите да се подготват за живот под скафандери

Токсикологот Нико Беќаровски очекува неконтролиран раст на бројот на заразени од ковид после 10 август.
Тој им порачува на колегите да одморат уште малку, а потоа да се подготват за потење под скафандерите. 
„Мојата скромна АВГУСТОВСКА прогноза за Македонија

По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката.

Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена/слатка/кисела вода, а потоа повторно "ќе пливаме" во сопствената пот, под скафандерите и маските.

Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот“, пишува д-р Беќаровски на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести