Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-Р АЛЕКСАНДАР ПЕТЛИЧКОВСКИ: Ако ги оставиме децата неимунизирани, третата доза нема многу да помогне

Д-Р АЛЕКСАНДАР ПЕТЛИЧКОВСКИ: Ако ги оставиме децата неимунизирани, третата доза нема многу да помогне

Со оглед што се уште има граѓани кои не ја примиле ниту првата доза, третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет. 

Ова е став на директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски, во интервју за телевизијата Телма.

Тој смета дека сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години, оти, како што вели, поради децата кои одат на училиште се создаваат можности за пренос на коронавирусот.

„Бустер дозата, односно третата доза од вакцината против ковид-19, кај нас нема многу да помогне за создавање колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои сè уште не примиле ниту прва доза. Сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години. Ако ги оставиме децата неиумунизирани, а тие одат на училиште, се создаваат можности за пренос на вирусот“, рече д-р Петличковски.

Слично

Поврзани вести