Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цветанов: Не може да зборуваме за помирување додека не се решат политички монтираните случаеви

Цветанов: Не може да зборуваме за помирување додека не се решат политички монтираните случаеви

Не може да зборуваме за помирување додека не се решат политички монтираните случаеви, изјави синоќа во интервју за ТВ 21, поранешниот директор на Управата за спречување перење пари, Ване Цветанов. 

„Не можеме да говориме за национално помирување додека не се најде решение за политички монтираните случаи, за кои не бараме ништо друго, освен повторување на постапките на фер состојба. Доколку обвинителството има докази нека излезе, за кого има докази и да се соочиме во фер плеј услови. Владата донесе одлука и ги задолжи институциите уште пред шест месеци да соработуваат со нас жртвите на правосудниот систем“, рече Цветанов. 

Вели дека во Република Македонија според Стејд Департментот и Европската унија имало повеќе од 20 монтирани политички случаи.

Слично

Поврзани вести