Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цветанка Иванова е назначена за генерален секретар на Собранието

Цветанка Иванова е назначена за генерален секретар на Собранието

Цветанка Иванова, правник и поранешен пратеник од СДСМ, е новиот генерален секретар на Собранието на Република Македонија.

На денешната пленарна седница е донесена одлука за разрешување на генералниот секретар на Собранието на РМ, Жарко Денковски. За нов генерален секретар на Собранието на Република Македонија е назначена Иванова. Собранискиот спикер, Талат Џафери попладнево ја прекна осмата седницата, а продолжението, како што кажа дополнително ќе биде закажано.

Иванова е дипломиран правник, пратеник од редовите на СДСМ од 2002 година, координатор на пратеничката група на СДСМ, претседател на Законодавно-правната и Комисијата за труд и социјална политика и координатор на женското лоби.

Слично

Поврзани вести