Цветан Трипуновски: Не сносам одговорност за да поднесам оставка, покажавме дека не толерираме и актуелни функционери
По апсењето на директорот на платежната агенција за субвенционирање на земјоделството Илија Стоилев, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во вестите на Канал 5 рече дека нема да поднесе оставка за скандалот со ИПАРД-фондот затоа што одговорноста не била негова.
- Видете, одговорност во моментов треба да даде тој што е фатен на дело со злоупотреба и прекршување на законите и мислам дека таму истрагата ќе се води до крај, при што јас апелирам да се води до крај и сите кои што се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат, рече министерот.
Тој додаде дека актуелната власт со ова докажала дека нема да толерира ниту свои функционери,а не само поранешни.
- Со овој случај гледате дека, без разлика, како сериозна влада, на партиска припаднопст или дали е некој сегашен или поранешен функционер,ние се бориме беспрекорно.За разлика од тоа, во минатото не беше така. Затоа од тука повикувам до секој еден граѓанин кој можеби има информација за некој друг случај , да алармираме и да примениме санкции,затоа што само на тој начин ќе имаме сериозни и здрави институции на држава која треба да биде дел од европското семејство,вели Трипуновски.
