Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цвеќарите приморани да ги уништуваат производите

Цвеќарите приморани да ги уништуваат производите

Здружените производители на сезонско саксиско цвеќе, режано цвеќе и саден материјал од повеќе региони во земјата, информираат за загрижувачката состојба во нашиот земјоделски сектор. Велат дека заради експанзијата на вирусот Ковид-19, мерките кои се на сила и неможноста на граѓаните да дојдат до нашите производи, се соочуваат со финансиска катастрофа и со опасност од целосен колапс.

-Принудени сме да отпочнеме со уништување на пролет-лето реколтата, бидејќи не постои опција да пласираме и да продаваме цвеќе. За да биде појасно, оваа алтернативна земјоделска гранка брои десетици компании, стотици вработени, огромни вложувања во опрема и инфраструктура, се развива континуирано од осамостојувањето на државата, а во споредба со другите земјоделски гранки изложена е и на највисоки оданочувања, истакнуваат оттаму.

Во интерес на нашиот опстанок и егзистенцијата на стотици вработени во овој сектор, како што појаснуваат, а со цел намалување на штетните економски последициод Ковид-19, предложивме сет на мерки со кои бараме итна и конкретна реакција од министерстото за земјоделство, министерството за економија, министерството за финансии, Владата и кризниот штаб. 

Производителите на цвеќе, истовремено апелираат граѓаните и оваа сезона да продолжат со купување на производите. Тие упатија и писмо до Министерството за шумарство, водостопанство и земјоделство, во кое велат дека се директно оштетени во екот на продажбата.

-Почитуван ве замолуваме  ургентно  да  постапите  по нашето известување – Барање поради настанатата  состојба. Бидејки ситуацијата од  ден на ден се влошува ние како производители сме приморни нашето  сезонско цвеке да го уништиме ( фрлиме ) . Во кратка напомена ве  известуваме дека стотици  вработени ке бидаат напуштени од  работа  и фирмите  ке  ставаат клуч на врата, истакнуваат во писмото.

Очекуваат, како што пишува во писмото, Министерството веднаш  да реагира и да ја извести Владата но и да  се заложи за оваа гранкаа која и се загрозува опстанокот, по примерот во другите сектори што побрзо да излезе со сет мерки.

Поднесители на барањето

1 ГАРДЕН ЦЕНТАР МАРИЈА БЛУМЕН  СТРУМИЦА

2 ХОРТИ ЕКСПЕРТ МИЦЕВСКИ с.БАНСКО

3 ЦВЕТ РАСАДНИК с. ЗУБОВО

4 ЏИМ ГАРДЕН КОМПАНИ с. САЧЕВО

5 ЦВЕТНИ ДВОРОВИ с.КОЛЕШИНО

6 ФЛОКС АН ПЛУС СТРУМИЦА

7 ГРАДИНА-ЦВЕТ с. ВЛАДЕВЦИ

8 КИТКА И.З. с.ДРАЧЕВО - СКОПЈЕ

9 РАСАДНИК АНГЕЛ с.ИНЏИКОВО – СКОПЈЕ

10 ГРАНДЕ ФЛОРА  с.ПЕТРОВЕЦ – СКОПЈЕ

11 АГРО ЦВЕТ – МИЛА И.З. с.УСЈЕ – СКОПЈЕ

12 СУПЕР ГАРДЕН ПРОФИ с.БАРДОВЦИ - СКОПЈЕ


Слично

Поврзани вести