Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цвеќари ќе протестираат во Скопје

Цвеќари ќе протестираат во Скопје

Вработени од шеснаесет продавници од Цветен пазар во скопската населба Капиштец денеска ќе протестираат затоа што не сакаат нивниот нов закуп, а со тоа и егзистенцијата да им биде неизвесна.

По истекувањето на договорите, на истите им било кажано дека за продолжување на закупот требва да се пријават за учество на јавно наддавање.

Тоа не им одговара на цвеќарите и сакаат да добијат приоритет во барањето да си ги продолжат договорите за закуп бидејќи преку јавно наддавање не им е сигурно дека повторно ќе ги добијат цвеќарниците во кои сега работат.

Актуелниот Цветен пазар работи на оваа локација од 2011 во куќарки кои вредат 3 милиони денари а се финансираат преку закупнината.

Слично

Поврзани вести