Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Здравјето на граѓаните е загрозено, гори дива депонија кај Виобегово

ЦУК: Здравјето на граѓаните е загрозено, гори дива депонија кај Виобегово

Центарот за управување со кризи реагира поради запалена дива депонија кај Визбегово со известување до Град Скопје и Општина Шуто Оризари да преземат мерки. Вчера кај хотелот „Њу Стар“ два пати бил гасен пожарот од противпожарни екипи. Инаку станува збор за депонија која со децении ги труе скопјани, но никој не може на долг рок да се справи со овој проблем.

„Поради сериозноста и ризикот од пожари кои директно го загрозуваат здравјето на граѓаните и животната средина, ЦУК испрати допис до Град Скопје – Сектор за јавна хигиена и Општина Шуто Оризари со итни препораки за преземање мерки.

Имено, на 28.06.2025 година, Противпожарната бригада на Град Скопје интервенираше двапати на запалена дива депонија во близина на хотелот „Њу Стар“ во населбата Визбегово. Постои сомневање дека пожарите се подметнати“, соопштија од ЦУК.

Од таму препорачуваат да се обезбеди чуварска служба за спречување нови палења и навремено известување при обиди за запалување, покривање на депонијата со инертен материјал (шут или земја), интензивирање на инспекцискиот надзор.

„Апелираме институциите да дејствуваат итно за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина“, порачуваат од ЦУК.


Слично

Поврзани вести