Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Загрозени се неколку куќи, се појави свлечиште во Шипковица

ЦУК: Загрозени се неколку куќи, се појави свлечиште во Шипковица

Директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Мухамед Али информира дека поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица.

Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени 4 куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово.

„Во моментот се превземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свечишта“, велат од ЦУК.

На територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања каде што екипи на ЈП Македонија пат редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот.

Одроните на патот кон с.Моштица во Општина Македонска Каменица, од страна на екипи на ЈП Камена река е извршено чистење на одронот и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно.

Слично

Поврзани вести