ЦУК: Во пожар најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице во Општина Аеродром
Утрово во 06.33 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром, информираат од ЦУК.
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.
Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице.
На терен излегле и екипи од Итна медицинска помош и од МВР.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со 6 ПП возила.
Слично
