Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Туристи останале заглавени во хотелот „Радика“

ЦУК: Туристи останале заглавени во хотелот „Радика“

Центарот за управување со кризи известува дека синоќа особено било критично во Мавровскиот реон во последното деноноќие, од каде што се добиени поголем број повици од граѓани дека патниот правец до хотел „Радика“ не е прооден и истите се заглавени во туристичко-угостителскиот објект.

„При коорднинацијата за расчистување на патот имало голем број на контакти со одговорните лица од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, ЕЛС и МВР од кои се добиени информации дека висината на снежната покривка во регионот е околу 80 сантиметри и имало паднати голем број дрвја и поголеми гранки од тежината на снегот, што го отежнуваа и забавувало сообраќајот“, информираат од ЦУК.

Проблематична била делницата која водела до самиот хотел. Од „Македонија пат“ на терен интервенирале со машина за чистење на снег., а гостите си заминале дома по полноќ.

„Од последниот контакт со дежурниот во ПС Маврово добиена е информација дека возилото од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (20.00 часот вчера) оди напред, а зад него возилата на гостите од хотелот и колоната била стигната до кај Бунец, а од таму безбедно до расчистен пат подолу. На полноќ, во 00:00 часот, од ПС Маврово добиено е  известување дека сите гости од Хотелот Радика се евакуирани односно заминати кон своите домови“, додаваат од центарот.


Слично

Поврзани вести