Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Скопјанец на 112 пријавил дека во Драчево има поплавени дворови и подруми

ЦУК: Скопјанец на 112 пријавил дека во Драчево има поплавени дворови и подруми

Поплавени се дворови и подрумски простории во Драчево.

Скопјанец на единствениот број за итни случаи 112 пријавил дека кај него, на улица „Драчевска“ во населба Драчевo, општина Кисела Вода и кај неговите соседи се поплавени дворовите и подрумските простории од обилните врнежи.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), на улицата „Драчевска“ биле запушени одводните шахти.

Пријавителот  информирал за случајот и очекува помош од надлежните служби да излезат на терен и да го отстранат проблемот.

Од ЦУК посочуваат дека комуницирале со Општина Кисела Вода и со дел од надлежните субјекти. УХМР информира дека попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. И вчера имаше обилни дождови во земјава. 

Слично

Поврзани вести