Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка

ЦУК: Шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка

Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, ги пронашол вработен на ски-лифт. 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по повик на бројот за итни случаи 112 вчера попладне се најдени шест скијачи кои се изгубиле поради магла на Попова Шапка. 

Тие со ски-лифт се искачиле на повисоките делови од една од скијачката патека, но кога се обиделе да се спуштат надолу, паднало многу густа магла. Воедно се соочиле со нов снег што го отежнало движењето надолу по ски-патеката. 

„Скијачите се јавиле за помош на 112. Од ЦУК веднаш биле известени СВР Тетово и раководителот на РЦУК Тетово. Во меѓувреме, лице вработено на ски-лифт пронашло пет (5) од изгубените лица, а подоцна во 16.15 часот го пронашло и шестото изгубено лице. Прво сите биле згрижени во полициската станица на Попова Шапка“, информираат од ЦУК.

Сите скијачи потоа безбедно се вратиле во нивните домови.

Слично

Поврзани вести