ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Се трага по девојче кое потонало во Вардар

ЦУК: Се трага по девојче кое потонало во Вардар

На бројот за итни повици денеска во 16.42 часот е примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.

Пријавило лице кое било присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.

По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи(ЦУК) веднаш ги извести надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.

На локацијата е присутна екипа на полицијата со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.

Потрагата по 16-годишното девојче продолжува.

ad
Слично

Поврзани вести