Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Расфрлан отров во Карпош

ЦУК: Расфрлан отров во Карпош

Центарот за упавување со кризи ги извести МВР, Општина Карпош и ЈП Лајка дека граѓани пријавиле расфрлан отров помеѓу згради од кој што угинале улични кучиња.

Регионалниот ЦУК Скопје добил информација дека на крстосницата на ул. „Варшавска“ со Бул. „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.

„Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека од Единствениот број за итни случаи Е-112 добиле информација дека на крстосницата на ул.Варшавска со бул. 8 Септември, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни. Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја. 

Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена Општина Карпош и до ЈП Лајка, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и Полициската станица во Карпош од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид“, се вели во соопштението на ЦУК.

Слично

Поврзани вести