Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај селото Рашче

ЦУК: Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај селото Рашче

Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај селото Рашче, информираат од Центарот за управување со кризи(ЦУК). Телата на три жени синоќа се извлечени од автомобилот, кој вчера попладне се излизга во Вардар во близина на Рашче.

Од петте лица кои биле во возилото за среќа од страна на случајни минувачи е спасено четиригодишно дете, кое е пренесено во Клинички центар во Скопје и е во добра здравствена сосотојба. Дронови трагаа по човекот. 

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје работи на утврдување на причините за трагедијата. Извршен е увид на местото на несреќата, собрани се траги и докази, а наредено е вештачење на возилото. Јавниот обвинител побара обдукција на загинатите лица, како и испрашување на очевидци и блиски на семејството.

Слично

Поврзани вести