Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Пожарот кај езерото Младост уште е активен

ЦУК: Пожарот кај езерото Младост уште е активен

Според најновите информации од екипите кои се на терен, пожарот кај езеро Младост, велешко, уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи. 

Горниот дел кај езерото е ставен под контрола, но има проширување на краци назад кон Башино Село и отпадот Дине кај автопат. 

„На терен дејствуваат сили на АРСМ, како и екипи на ТППЕ Велес, Неготино, Св.Николе, Штип и Кавадарци, а побарана е помош и од Скопје. Исто така, во текот на целиот ден се дејствуваше и од воздух со хеликоптер на АРСМ и два канадери на ДЗС, кои поради слабата видливост во текот на ноќта ќе бидат повлечени. Гори нискостеблеста шума, смрека и сува трева, а силниот ветар во моментот го отежнува гаснењето на пожарот“, велат од ЦУК. 

Во тек е координација на градоначалникот на Општина Велес со субјектите кои се вклучени во гаснењето на пожарот, се наведува во соопштението.

Слично

Поврзани вести