ЦУК: Пожарот е дојден до првите куќи на селото Бељаковце кои се одамна напуштени
Пожарот, кој попладнево избувна во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце е дојден до првите куќи на селото Бељаковце кои се одамна напуштени, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Пожарот во село Бељаковце е сериозен. Сувата трева и ветерот прават пожарот брзо да се шири. Побаравме помош од сите расположливи пожарникарски сили да се упатат кон ова место. Рано наутро штом се создадат можности ќе полетаат двата полициски и едниот армиски хеликоптер, а веднаш потоа и двата или трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Слично
