Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК ПОТВРДИ ДЕКА Е ИСПРАТЕНО СПЕЦИЈАЛНО ВОЗИЛО: Конвој од 25 возила со мали деца и трудници уште е заглавен на патото од Леуново кон Бунец

ЦУК ПОТВРДИ ДЕКА Е ИСПРАТЕНО СПЕЦИЈАЛНО ВОЗИЛО:  Конвој од 25 возила со мали деца и трудници уште е заглавен на патото од Леуново кон Бунец

Конвој од 25 возила со мали деца и трудници уште е заглавен на патото од Леуново кон Бунец. 

Повеќе возила, семејства со мали деца и бремени жени веќе неколку часа не можат да се пробијат кон Бунец затоа што патот не е исчистен, наведуваат дел од заглавените во објава на социјалните мрежи.

Од Центарот за управување со кризи(ЦУК) велат дека е испратено специјално возило со плуг. Додаваат дека за состојбата ги информирале Јавното претпријатие за државни патишта и Општина Маврово и Ростуше.

Силните врнежи од снег посериозно ја погодија дистрибутивната мрежа во реонот на Битола, Демир Хисар, Кичево, Македонски Брод и Гостивар.

Слично

Поврзани вести