ЦУК: Пет активни пожари и конечно изгаснат пожар на Галичица
Денешниот ден завршува со пет активни пожари и конечно изгаснат пожар на Галичица.
Денеска на територијата на Македонија до 20 часот регистрирани се 16 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола е еден пожар, а изгаснати се 10, информираат од Центарот за управување со кризи(ЦУК).
На планината Мукос, Општина Чашка, и натаму гори мешана шума, пожар има во Долнени кај селото Десово, сува трева гори кај селото Едеклерци, Општина Штип, ниска вегетација гори кај општините Студеничани и Гази Баба.
Под контрола е пожарот над селото Црвена Вода, Општина Студеничани.
На листата на изгаснати пожари е пожарот на општините Охрид и Ресен на планината Галичица.
Слично
