Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи(ЦУК) добиле пријава за паднато дрво на ул.,,Анкарска" кај ,,Млечен ресторан". Паднатото дрво оштетило 3 автомобили. Полиција е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило" за да го отстранат паднатото дрво од улицата. Исто така, дрвото, при паѓањето, скинало кабли од бандера. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација (СОК), паралелно со известувањето на Полицијата, се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.

Слично

Поврзани вести