Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК објави каков е билансот по невремето во Скопје

ЦУК објави каков е билансот по невремето во Скопје

Во невремето во Скопје имаше поплавени улици, домови и МАНУ, а граѓаните можат да пријават штети. 

По силното невреме и обилните врнежи од дожд што го зафатија Скопје, Центарот за управување со кризи (ЦУК) излезе со детален извештај за штетите. Преку бројот 112 се регистрирани голем број пријави, а како најпогодени се издвојуваат општините Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром.

Според податоците, во главниот град се поплавени два подвозници (кај Бутел и на бул. „Србија“), кружни текови (кај „Ист гејт“, „Мото центар“, „Цементара“ и „Железара“), како и повеќе од осум сообраќајници, што предизвика сообраќаен колапс. Поплавени се и паркинзи во Расадник и Аеродром, а критично со ризик од прелевање било и нивото на Усјанскиот Канал и реката Серава.

Освен патната мрежа, вода навлегла во куќи, подруми и гаражи во Автокоманда, Чаир, Аеродром и Горно Лисиче, како и во два деловни магацини. Невремето го поплави и објектот на МАНУ, каде е зафатен дел од подрумот, главниот хол и амфитеатарот.

Од ЦУК апелираат граѓаните кои претрпеле материјални штети веднаш да поднесат барања до матичните општински комисии, кои во најбрз рок ќе излезат на терен за проценка.

И денеска е можна нестабилност според синоптичарите.

Слично

Поврзани вести