ЦУК: Нанесените дрва што го попречуваа текот на реката Пена се отстранети
Oд Центарот за управување со кризи(ЦУК) велат дека нанесените дрва што го попречуваа текот на реката Пена се отстранети и е надмината опасноста од излевање на водата од речното корито кај селото Сараќино.
Како резултат на обилните врнежи од дожд коишто го зафатија подрачјето на територија на државата е добиена пријава за попречени, нанесени, дрва во речното корито на река Пена во атар на с.Сараќино, Општина Тетово.
„Поради надојдената вода на река Пена, нанесените дрвата претставуваa природна препрека за нормално течење на водата во речното корито и на одредени места се случуваше заезерување во речното корито и имаше потецијална опасност реката да се излее надвор од речното корито, а со тоа и да дојде поплавување на куќите и земјоделското земјиште во атар с.Сараќино, Општина Тетово. Секторот за операции и координација на ЦУК за настанатата состојба преку писмено известување ги извести Општина Тетово, Општина Желино, ЈКП Тетово, АД Водостопанство, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство и Дирекцијата за заштита и спасување за преземање на мерки и активности за отстранување на попречените дрвја во речното корито“, додаваат од ЦУК.
Локалната самоуправа Тетово со помош механизација попречените дрва ги отстрани.
