Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУК: Изгоре 200 хектари шума кај пругата Скопје - Велес

ЦУК: Изгоре 200 хектари шума кај пругата Скопје - Велес

Велешкото одделение на Центарот за управување со кризи известува дека според информациите добиени од противпожарната служба на Велес, пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред  железничката станица Рајко Жинзифов кај село Сл'п, зафаќа површина од околу 200 хектари ниско стеблеста шума, трња и габер.

- На терен се екипа од ШС Бабуна и месно население. Според информацијата добиена од терен не постои можност за проширување на пожарот кон с. Карабуњиште и се очекува дека истиот во текот на денот ќе биде ставен под контрола, информираат од ЦУК.

Слично

Поврзани вести